Цените на нафтата растат, доларот благо ослабна

14

На девизните берзи вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,12 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,38 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 144,30 на 144,05 јени.

Американската валута исто така ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0890 долари, додека вчера во ова време беше 1,0845 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,35 отсто, на 76,75 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,37 отсто, на 72,05 долари.