Цените на нафтата растат, сите погледи се вперени во Кина

142

Цените на нафтата пораснаа на денешното тргување во Азија.
Олеснувањето на строгите ограничувања за коронавирусот во Кина продолжува да влева доверба на пазарот на нафта. Инвеститорите ги полагаат своите надежи во закрепнувањето на втората по големина економија во светот, бидејќи тоа може да влијае на глобалната побарувачка за нафта, пренесува германската новинска агенција dpa.

Барел Брент за испорака во март утрово се тргуваше по 86,54 долари, што е за 62 центи повеќе од вторникот. Суровата нафта Вест Тексас интермедит за испорака во февруари се зголеми за 74 центи на 80,92 долари во тоа време, во споредба со нејзиното последно затворање.

Оптимизмот на пазарите е поттикнат од најавената помалку строга политика на многу централни банки во борбата против високата инфлација. Во тој случај, економското оптоварување поради растот на каматните стапки повеќе немаше да биде толку големо како минатата година, кога клучните каматни стапки во многу земји беа нагло зголемени, пренесува dpa.