Цените на нафтата се искачија над 85 долари

71

Цените на нафтата се искачија над 85 долари на меѓународните пазари во средата, поттикнати од знаците за намалени залихи, послаб долар и очекувањата за закрепнување на кинеската побарувачка.

На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше за 2,34 долари повисока отколку во моментот на завчерашното затворање и изнесуваше 85,37 долари. Поактивно се тргуваше со договори со датуми на испорака во февруари, при што порасна за 2,56 долари, на 86,81 долари.

На американскиот пазар барелот се тргуваше по повисока цена од 2,43 долари, од 80,63 долари.

Утрово цените се приближно исти, па така брент се тргува по цена од 86,49 долари, додека американската за 80,14 долари за барел.

„Фундаменталните пазарни показатели зборуваат во полза на повторени намалувања на производството, со оглед на неизвесната ситуација со Ковид во Кина… Доколку (ОПЕК и неговите сојузници) не го сторат тоа, пазарот може повторно да биде зафатен од бран на трескавична продажба“, објаснува Стивен Бренок од ПВМ.