Цените на нафтата се стабилизираа

62

Цените на нафтата се стабилизираа под 85 долари во средата, откако Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) ги потврди прогнозите за солиден раст на побарувачката, туркајќи ја во втор план нормализацијата на американското производство по ураганот Берил.

Денеска на лондонскиот пазар цената на барелот изнесува 85,59 американски долари. Позначителни промени немаше ниту на американскиот пазар, каде барелот се тргува по 82,59 долари.

На почетокот на неделата, пазарите внимателно ги проучуваа ефектите на ураганот Берил врз нафтената инфраструктура во Мексиканскиот залив и во Тексас, кој произведува 40 отсто од американската нафта.

Компаниите за нафта и гас почнаа да го обновуваат производството во вторникот, нафтените пристаништа постепено се отвораат и се чини дека Берил не направи голема штета на енергетската индустрија во Тексас, велат аналитичарите. Оштетени се само некои објекти, а снабдувањето со електрична енергија сè уште не е целосно обновено, додаваат оттаму.