Цените на нафтата се стабилизираа денеска, откако паднаа за повеќе од 12 отсто во средата, додека инвеститорите размислуваат дали големите производители на црно злато ќе ги зголемат залихите за да помогнат да се пополни празнината во понудата предизвикана од западните санкции против Русија поради нападот врз Украина.
Меѓународната референтна нафта Брент денеска се тргуваше 114,64 долари за барел, додека американската нафта WTI зајакна за 1,73 отсто на 110,58 долари за барел, пренесува Ројтерс.
Кремљ во средата ги обвини Соединетите Држави дека и објавиле економска војна на Русија што ќе „нанесе хаос“ на енергетските пазари и му порача на Вашингтон дека Москва силно ќе одговори на американската забрана за увоз на руска нафта и енергија.
Лидерите на Европската унија, исто така, постепено ќе го укинат купувањето на руска нафта, гас и јаглен, се вели во нацрт-декларацијата подготвена за дводневната средба на лидерите на 27-члениот блок што ќе започне денеска во Версај.