Цените на нафтата се стабилизираа

28

Цените на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари во четвртокот, по одлуката на Европската централна банка да го забави зголемувањето на каматните стапки, но не успеа да закрепне голем дел од падот на оваа недела над осум отсто, бидејќи загриженоста за побарувачката продолжи.

Цената на барел сирова нафта на лондонскиот пазар се зголеми за 28 центи во однос на претходното затворање, на 72,61 долар. На американскиот пазар барелот остана непроменет на 68,66 долари.

Утрово Брент се тргува по цена од 73,62 долари за барел, а ВТИ за 69,56 долари за барел.

Европската централна банка (ЕЦБ) во четвртокот го забави темпото на зголемување на каматните стапки и ја задржа можноста за идни потези, бидејќи продолжува да се бори со тврдоглаво високата инфлација во еврозоната.

Зголемувањето на трите клучни каматни стапки на ЕЦБ за 0,25 процентни поени е најниско откако минатото лето почна да ги зголемува.