Цените на нафтата во 2021 година се зголемија за повеќе од 50 отсто

63

Цените на нафтата на светските берзи пораснаа во последната недела од минатата година бидејќи трговците очекуваат продолжување на закрепнувањето на економиите, а со тоа и на побарувачката на нафта, па во 2021 година забележаа раст од над 50 отсто.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела порасна за 2,15 отсто, на 77,78 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 1,9 отсто на 75,21 долари.

Така, на лондонскиот пазар цената на барелот во цела минатата година забележа раст од 50,5 отсто, највисок од 2016 година.

На американскиот пазар, пак, барелот поскапе за 55,5 отсто, што е најмногу од 2009 година.