Цените на нафтата во благ пад

67

Цената на нафтата на лондонскиот пазар утринава изнесува 119 долари, што е благо намалување во однос на вчерашниот ден кога цената беше 121 долар. Aмериканската нафта WTI се продава по цена од 116 долари. Пред четири недели, барелот беше околу 110 долари или помалку.

Пазарот на криптовалути од утрово е во зелено. Вредноста на биткоинот денес изнесува 22.080 долари, што е зголемување од речиси 4% во однос на вчера.

Цена на пченица и пченка

Цената на пченицата од утрово е во минус. Цената на пченицата е 1.050 долари за тон, што е пад од околу 1 процент во однос на вчерашниот ден. Цената на пченката е 774 долари, што е слична вредност како вчера.