Цените на нафтата во благ пораст

14

На денешното тргување цените на нафтата бележ ат благ пораст.
На пазарот на нафта беше поздравена одлуката на американската централна банка (ФЕД) да не ја зголеми основната каматна стапка вторпат по ред, бидејќи тоа може да значи дека нивото на интерес во борбата против високата инфлација достигна нејзиниот врв, објави германската агенција ДПА.

Барел сирова нафта од 159 литри за испорака во декември беше 82,76 долари до попладневните часови по Сингапур, што е за 30 центи повеќе од четвртокот. Северноморската нафта „брент“ за испорака во јануари поскапе за 21 цент на 87,06 долари.

Одлуката на ФЕД, исто така, влева надеж дека построгата монетарна политика на САД веројатно нема да го забави растот на глобалната економија.

Според dpa, оптимизам предизвикува тоа што војната меѓу Израел и екстремното палестинско движење Хамас не се интензивира, што дава надеж дека нема да има прекин во снабдувањето со нафта.