Цените на нафтата забележаа најголем неделен пад

262

Цените на нафтата забележаа најголем неделен пад во последните месец дена, бидејќи објавувањето на податоците за зголемување на бројот на работни места во САД во декември за повеќе од 200.000 не предизвика пораст на цените.

Вчера барел ВТИ ја заврши неделата со цена од 73,77 долари, а барел нафта од типот „брент“ во Лондон на крајот на работниот ден чинеше 78,57 долари. Утрово американската нафта се ѕргува по цена од 73,77 долари за барел, дедека брент за 78,57 долари за барел.

На неделно ниво нафтата од типот Брент поевтини за речиси девет отсто, објави „Спутник“.

Падот на цените во првите два дена од 2023 година се случи по повод новите предупредувања за глобална рецесија и страв од избувнување на епидемијата на корона вирусот во Кина и повторување на здравствената криза во која светот влезе пред три години.