Цените на нафтата, златото и пченицата бележат пад

53

Европските и американските берзански индекси денеска се претежно во пад, како и цените на нафтата, златото и пченицата.
Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) на вчерашната седница одлучи референтната каматна стапка за операциите за главно рефинансирање да се задржи на 4,25 отсто, каматната стапка на депозитите на 3,75 отсто и маргиналната каматна стапка на 4,50 отсто.

Инфлациските притисоци во еврозоната и натаму се високи, како и растот на цените во услужниот сектор, а се проценува дека стапката на инфлација и следната година ќе биде над посакуваните два отсто, се вели во соопштението на Европската централна банка.

Франкфуртската берза DAX денеска во 9:15 часот падна на 18.251,95 поени, британскиот FTSE 100 на 8.134,10 поени, францускиот CAC 40 на 7.569,51 поени, додека московскиот MOEX се искачи на 2.994,53 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 82.212 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 84.616 долари.

Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 32,6 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.421,23 долари за унца, а на пченицата на 5,3332 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08854, што е приближно исто како во четвртокот.

Фото: Pixabay