„Цените на недвижностите можат само да растат“ – колку чинат најскапите станови во Црна Гора?

76

Просечната цена на метар квадратен на новоизграден стан во Црна Гора во вториот квартал скокна на 1.300 евра, покажуваат податоците на Монстат, за 11,5 отсто повеќе во однос на истиот период лани.

Со оглед на тоа што побарувачката не е намалена, цените на недвижностите можат само да растат, убеден е агентот за недвижности Божидар Раичевиќ, пренесува Инвеститор.

За набавка на нова зграда во Црна Гора, во претходните 8 месеци, потребно е во просек да се платат минимум 1.350 евра за метар квадратен. Кога станува збор за стари згради, во зависност од локацијата, цената се движи од 900 до 1.250 евра за метар квадратен.

Во некои населби цените на становите се искачија од 2.000 до 2.500 евра за метар квадратен.

Како што посочува, во споредба со лани, квадрат чини 300 евра повеќе, поради поскапувањето на градежните материјали, како и големата побарувачка. Тој вели дека цените нема да се намалат во следните шест месеци, туку може само да се зголемат.

Имотот најмногу го купуваат граѓани на Црна Гора, а странците се најчести станари“, заклучува Раичевиќ.