Поради зголемената понуда, пократкото време на испорака и пониските цени на новите автомобили, паѓаат и цените на половните електрични автомобили.
Цените на половните автомобили одамна се екстремно високи, но и тоа се менува. Никој веќе не ја спомнува кризата со чипови, се стабилизираше производството на нови автомобили, а има сè повеќе користени електрични модели.
Оценката на германскиот автомобилски клуб (ADAC) е дека се зголемува бројот на користени електрични автомобили на пазарот. Според ADAC, поради зголемената понуда, пократкото време на испорака и пониските цени на новите автомобили, паѓаат и цените на половните автомобили.
Две години стар Tesla Model 3 во моментов може да се купи за 17 проценти помалку отколку во есента 2022 година. Тогаш во просек треба да се платат 38.550 евра, денес е нешто помалку од 31.900 евра.
VW ID.3 чини 28.850 евра во просек, а пред една година 33.100 евра (-13%).
Електричниот Hyundai Kona стана уште поевтин, односно 22 отсто за една година. Во просек чини 27.400 евра, наместо 35.050 евра.
Секако заинтересираните при купувањето задолжително да ја проверат состојбата на батеријата.