Цените на становите во Скопје со раст од 11 проценти во третиот квартал

30

Цените на становите во Скопје во третиот квартал годинава бележат раст од 2,9 проценти во однос на претходниот квартал, а на годишно ниво од 11 проценти, објави денеска Народната банка.

Во првиот квартал годинава цените на становите  забалежаа раст од 18,8 проценти на годишно ниво, односно од 1,3 отсто на квартално ниво, а во второто тримесечие од 1,6 отсто, односно од 12,9 отсто.

Во првиот квартал лани недвижностите поскапеа за 12,4 отсто  на годишно ниво, по што следеше раст, од 16,6 отсто во вториот квартал, од 21,2 отсто во третиот и од 20,6 проценти во четвртиот квартал.

Народната банка го подготвува индексот на цените на становите за територијата на Скопје, врз основа на податоци кои се однесуваат на огласите за продажба објавени од агенциите коишто се занимаваат со промет со недвижности.