Цените на увозните индустриски производи во еврозоната во пад, но сепак на рекордно високо ниво

60

Цените на индустриските производи увезени во еврозоната во март повторно паднаа, но и понатаму се на рекордно високо ниво, објави денеска Евростат.

Во март цените на увезените индустриски производи паднаа за 1 отсто во однос на претходниот месец, по падот на цените во февруари (1,7 отсто) и јануари (1,2 отсто).

Во однос на истиот месец лани, цените на увезените индустриски производи во март паднале за 2,7 отсто, но се за 26,5 отсто повисоки во однос на март 2021 година.

Цените на индустриските производи драстично пораснаа во втората половина на 2020 година и го достигнаа својот врв во летото 2022 година, потсетува Еуростат.

Во последните седум месеци овие цени се во благ пад, но сепак се на рекордно високо ниво. На овој историски пораст на цените на увозните индустриски производи влијаеше, пред сè, зголемувањето на цените на увозните енергетски производи.