Цените на житото се враќаат на нивоата пред конфликтот во Украина

70

Цените на житото се враќаат на нивото непосредно пред почетокот на конфликтот во Украина на 24 февруари.

Аналитичарите коментираат дека цените барем привремено се ослободени од премии поврзани со геополитички ризици, објави консултантската компанија Агрител, а пренесува порталот Агрархојте.

Претходните извештаи укажуваа дека светскиот пазар сега е преплавен со украинска, особено руска, пченица, а најавата за рекордна жетва во Австралија, која ја намали загриженоста за глобалната понуда, ја намали цената.

Според извештаите, цените на пченицата паѓаат до 300 евра за тон, а на берзата во Чикаго достигнаа годишен минимум или нивото пред руско-украинскиот конфликт. Фјучерсите за пченица во Европа се склучени по најниски цени од март годинава.

-Се чини, сепак, приказната е далеку од завршена и дека покрај вообичаените проблеми во зимскиот период, во наредните недели се повеќе ќе доаѓаат до израз и геополитичките проблеми, оценуваат аналитичарите на оваа консултантска куќа.

Нема причина за претеран оптимизам бидејќи цената на овие житарки е сè уште значително повисока отколку пред нарушувањето на пазарот што започна за време на пандемијата.

Европската унија до 4 декември веќе извезла 14,9 милиони тони обична пченица, што е нешто повеќе од 14 милиони тони во претходната кампања. Само Франција извезла 5,89 милиони тони, а Германија продала 1,58 милиони на трети земји. Според објавените податоци, увозот на пченка на ниво на ЕУ изнесува 12,56 милиони тони (од кои 43 отсто се од Украина), што е значително поголем од лани. Според анализата на Агрител, Кина останува клучен играч на пазарите по најавеното олеснување на царините поради Ковид-19. Тоа ги зголемува очекувањата дека ќе има зголемена побарувачка за житарки и други земјоделски производи.