Центар за загубен багаж како одличен и профитабилен бизнис

23

unclaimed baggage

Unclaimed baggage center во Алабама е местото каде што заборавениот багаж од авионите и аеродромите го наоѓа своето место.

Аеродромските власти не успеваат секогаш да го пронајдат сопственикот на загубените куфери, посебно кога станува збор за багаж за кој нема ниту едно барање. Овој багаж претставува голем товар и трошок за аеродромите кои мора да ги чуваат овие куфери долго време.

Семејството Овенс од Алабама од ова направиле интересен бизнис. На почетокот на 70-тите години од минатиот век тие го формираа центарот за откуп и продажба на загубен багаж, кој за кратко време постигна голем успех.

Секојдневно во овој центар пристигнуваат повеќе од 7.000 предмети – облека, обувки, компјутери, музички инструменти… Често пати може да се пронајдат и многу необични предмети.

Она што може да се најде во загубениот багаж се продава за 20% до 80% од оригиналната пазарна цена на предметите.