Централна банка на Албанија ја зголеми каматната стапка за 0,5 проценти

49

Албанија повторно да ја зголеми основната каматна стапка, овој пат  за 0,5 отсто и таа сега изнесува 1,75 проценти, додека еднодневната каматна стапка на депозитите за 0,5 проценти и изнесува 0,75 проценти.

Банката  третпат во рок од четири месеци ја зголемува основната каматна стапка, како мерка за ограничување на високите цени, кои се очекува да достигнат врв во останатиот период од годинава.

Гувернерот на Централната банка на Албанија,  Гент Сејко, по седницата на Надзорниот одбор,  рече дека високите нивоа на инфлација се главната опасност за домашната економија.

– Цените на светските пазари се зголемуваат по војната во Украина, банките ги зголемија каматите стапки а неизвесноста е голема. Инфлацијата ќе го достигне врвот во оваа втора половина од годинава. Ќе ја нормализираме монетарната политика за да ја држиме инфлацијата под контрола, изјави Сејко.

Додаде дека инфлацијата ќе се врати на 3 отсто во 2024 година, нагласувајќи дека проекциите се ажурираат во зависност од ситуацијата.

– Високите нивоа на инфлација се главниот ризик за економијата во земјава. Економскиот расте ќе остане позитивен на среден рок. Стабилизирањето на цените на странскиот пазар ќе го намали притисокот врз инфлацијата во земјава, која очекуваме да се врати на 3 проценти во првата половина на 2024 година, посочи тој.

Претходното зголемување на основната каматна стапка за 0,25 проценти беше на 6 јули кога достигна ниво од 1,25 проценти