Централната банка на Русија ги намали каматните стапки

64

Централната банка на Русија ги намали каматните стапки за 150 базични поени на 9,5 отсто за да го поттикне економскиот раст.

На крајот на февруари, по почетокот на конфликтот во Украина, руските монетарни власти ги зголемија каматните стапки од 9,5 на 20 отсто, за да ги вратат на истото ниво на кое беа пред конфликтот, пренесуваат агенциите.

Рубљата, која забележа силен раст, загуби околу 2,6 отсто од својата вредност на крајот на минатата недела.

„Надворешното опкружување продолжува да претставува предизвици за руската економија и значително ја ограничува економската активност“, се вели во соопштението на Банката на Русија.

Сепак, банката наведува дека падот на деловната активност во јуни е побавен од очекуваното, пишува „АА“.

Според турската агенција, годишната инфлација во Русија во јуни паднала на 15,9 отсто, по 17,1 отсто, што беше забележана во мај.

Според прогнозата на централната банка, годишната инфлација треба да биде меѓу 12 и 15 проценти до крајот на годината, меѓу пет и седум проценти во 2023 година и да се врати на ниво од четири проценти во 2024 година.