Централната банка на Русија ја задржа основната каматна стапка на 7,5 отсто

62

Управниот одбор на Централната банка на Русија одржа состанок на кој се разговараше за економската состојба во земјата, а посебно внимание беше посветено на прашањето за основната каматна стапка.

Иако во земјата сè уште е присутна инфлацијата, оваа институција најави дека Русија ќе ја задржи основната каматна стапка на 7,5 отсто.

„Тековните стапки на раст во целина остануваат умерени. Инфлаторните очекувања на населението се значително намалени, но остануваат на покачено ниво, како и очекувањата за цените“, наведуваат тие.

Исто така, оваа институција соопшти дека Централната банка ќе донесе дополнителни одлуки за основната стапка, имајќи ја предвид фактичката и очекуваната динамика на инфлацијата во однос на процесот на економско преструктуирање.

„Според прогнозата на Централната банка на Русија, земајќи ја предвид актуелната монетарна политика, годишната инфлација во 2023 година ќе се движи меѓу пет и седум отсто, додека во 2024 година би требало да се врати на четири отсто“, се нагласува.

Основната каматна стапка во Руската Федерација се одржува на ниво од 7,5 отсто од септември 2022 година.