Централната банка на Русија предложи шест чекори за борба против сиромаштијата

Гувернерката на Централната банка на Русија, Елвира Набиулина изјави дека банката донела одлука за шест мерки кои ќе бидат насочени кон борба против сиромаштијата во Русија.
Како што објасни таа, мерките на Набиулина вклучуваат намалување на инфлацијата, зајакнување на заштитата од прекумерен долг, борба против измамите, поддршка на граѓаните со ниски примања и луѓе во тешки животни ситуации и програми за финансиска писменост.

„Како може политиката на Централната банка да влијае на борбата против сиромаштијата? Прво, ќе се вратам од каде што почнав. Тоа е намалување на инфлацијата. Инфлацијата е данок на сиромашните, тие најмногу трпат од поскапувањето што секако ги јаде нивните мали приходи. Второто е зајакнување на заштитата на луѓето од прекумерните долгови“, рече Набиулина.

Таа во разговорот со медиумите се осврна и на други мерки.

„Третата е борбата против измамите на финансискиот пазар, бидејќи луѓето со ниски примања се најранливи. Четвртата се мерки за поддршка на граѓаните кои се наоѓаат во тешка животна ситуација. Петто, неопходно е да се развијат финансиски производи за луѓето со ниски примања, како што се социјалните придонеси и сметки“, додаде шефот на Централната банка на Русија.