Цептер: Би инвестирал милијарди во животната средина

41

Основачот и сопственик на компанијата Цептер Интернешнл, Филип Цептер, на бизнис форумот Копаоник изјави дека никогаш нема да биде премиер на Србија, но дека на таа позиција прво би инвестирал неколку милијарди евра во заштита на животната средина, бидејќи, како што вели, тоа е највредната инвестиција.
Во специјалното интервју во рамките на форумот, на кое првпат учествува, Цептер вчера рече дека природните ресурси не се одлучувачки за успехот, туку околностите.

Тој додаде дека лично успеал како бизнисмен благодарение на тоа што секогаш добро ги познавал околностите.

Во неформален разговор, на прашањето дали можеби ќе ја прифати понудата да биде премиер и кои се првите три работи што би ги направил, Цептер рече дека никогаш нема да ја прифати, иако смета дека е полесно да се биде премиер отколку милијардер.

„Би инвестирал милијарди во заштита на животната средина, бидејќи инвестирањето во животната средина е највредната инвестиција“, вели Цептер и посочуваат дека ниту една земја не може да биде успешна ако е загадена.

Тој смета и дека животната средина во Србија, но и во целиот свет е прилично загадена.

Сите велат дека во здраво тело – здрав ум, но не, без здрав ум нема здраво тело“, порача Цептер.

Фото: Facebook