Иако сè уште е само идеен проект, оваа стаклена куќа околу дрво може наскоро да стане реалност, пишува Dezeen. Предвидено е да се простира на четири ката и да биде лоцирана во шумски предел далеку од градската џунгла.
Дизајнот за прв пат беше претставен во 2013 година, но изградбата на Tree in the House беше одложена откако инвеститорот се повлече од проектот.
Според главниот дизајнер на градбата, Ајбек Алмасов од студиото Masow Architects со седиште во Казакстан, извесен производител на стаклени и сончеви панели изразил интерес за финансирање на цилиндричната куќа.
Стаклената куќа е совршен дом за сите оние кои сакаат да се изолираат од бурното секојдневие. Нејзината фасада нуди панорамски поглед на околината и овозможува да бидете што поблиску до природата. Она што е предност на оваа куќа е што истата не е врзана за одредена локација.