TSMC инвестира повеќе од 40 милијарди долари во фабриката во Аризона

49

Taiwan Semiconductor Manufacturing Company (TSMC) планира да ги зголеми инвестициите во Аризона на повеќе од 40 милијарди долари.

Геополитичките притисоци го принудуваат еден од најголемите светски производители на микрочипови да ја забрза диверзификацијата.

TSMC моментално инвестира 12 милијарди долари во изградба на фабрика во Аризона, чија првична намена беше производство на чипови со ширина на колото од пет нанометри, односно генерацијата N5, која ќе биде зад најнапредните од кога фабриката ќе се отвори во 2024 година, пишува Financial Times.