Taiwan Semiconductor Manufacturing Co (TSMC) забележа рекорден квартален профит и соопшти дека очекува силен раст на приходите во првиот квартал бидејќи расте побарувачката за чипови кои се користат во обработката на вештачката интелигенција.
Најголемиот светски производител на чипови, чии клиенти ги вклучуваат Apple и Nvidia, објави пораст на нето добивката од 57 отсто до 11,07 милијарди евра за кварталот кој заврши на 31 декември, што е рекорден квартален пораст и во согласност со проценките.
Приходите за овој квартал се зголемени за 39 отсто во однос на истиот период лани. Компанијата очекува сличен раст на приходите во тековниот квартал од 37 проценти.
TSMC, исто така, рече дека очекува нејзините капитални трошоци за оваа година да бидат помеѓу 36,90 милијарди и 40,79 милијарди евра, што е зголемување од дури 41 отсто, додека ја одржува својата оптимистичка прогноза за побарувачката за вештачка интелигенција.
Сепак, тајванската компанија се соочува со проблеми поради технолошките ограничувања на американската влада за Кина и неизвесноста околу администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, кој се закани со увозни царини, пренесува Ројтерс.
Американската влада соопшти дека дополнително ќе го ограничи извозот на чипови и технологија за вештачка интелигенција, што се нови проблеми со кои може да се соочи TSMC, иако на Тајван и на другите блиски сојузници на САД ќе им биде дозволен неограничен пристап до американската вештачка технологија.