TSMC планира да произведува чипови базирани на новата технологија во САД

28

Тајванскиот производител на чипови TSMC планира да произведе чипови базирани на 3-нанометарска технологија во нова фабрика во САД, изјави во понеделникот основачот на компанијата Морис Чанг.
Главниот снабдувач на Apple, Taiwan Semiconductor Manufacturing (TSMC) гради фабрика вредна 12 милијарди долари во американската сојузна држава Аризона.

Тајванската компанија мораше да донесе одлука дали новиот објект ќе биде опремен за производство на чипови базирани на технологија од 3 нанометри, бидејќи производството на побавните чипови од 5 нанометри треба да започне пред да се отвори новиот објект.

Чиповите базирани на новата 3-нанометарска технологија (N3) бараат помалку простор и енергија, а се побрзи и поефикасни.

Говорејќи пред новинарите во Тајпеј по враќањето од самитот на АПЕК во Тајланд, Чанг рече дека објектот од 3 нанометри ќе биде лоциран на истата локација во Аризона како и објектот од 5 нанометри.