Иако од надвор сè уште ја носи првобитната намена, внатрешноста на оваа градба е сосем поинаква. Оваа некогашната црква претворена во луксузна вила се наоѓа во Лондон и чини 16 милиони долари.
Редиците клупи и крстовите се расклопени и отстранети, а на нивно место сега има префинети подови со подно греење и мермерни детали. Има една спална соба на долниот и три на горниот дел, секоја со посебна бања.
Пространата вила вклучува и луксузен бар со место за шест лица, а надвор се наоѓа голем двор со водопади и простор за вежбање.