Црквите во Германија оствариле рекордни приходи од 13 милијарди евра

87

Католичката и протестантската црква во Германија остварија рекордни приходи од црковниот данок во 2022 година, но експертите очекуваат дополнително намалување на приходите поради падот на бројот на верници.
„Минатата година протестантската и католичката црква добија 13 милијарди евра приход од данок, што е за 200 милиони повеќе отколку во 2021 година“, објави Институтот за германска економија (DIW).

Истовремено, оценуваат дека оваа сума би можела значително да се намали во наредните години.

Инфлацијата, исто така, може да игра улога во намалувањето на вистинската посетеност на црквата, според соопштението на DIW.

Минатата година, околу 1,3 милиони верници официјално ги напуштија редовите на тие две цркви во Германија, што ги ослободува од плаќање црковен данок.

Во споредба со 2019 година, црквите би можеле да имаат 11 отсто помал приход во 2027 година, пренесува Банкар.ме.

Фото: pixabay