Сме виделе црни горили, мечки, кучиња и мачки, но црн петел како што е Ayam Cemani е навистина ретка глетка. Овој индонезиски петел е навистина црн, од клунот и перјата, па се до кожата и внатрешните органи.
![ayam-cemani-1[6]](http://bi.mk/wp-content/uploads/2015/01/ayam-cemani-16-580x552.jpg)
Тој е толку посебен, што е наречен Ламборџини во светот на живината.
Егзотичниот вид потекнува од Јава во Индонезија, а во Европа е донесен дури во 1998 година од страна на холандски одгледувач на живина. Ayam Cemani е една од најскапите птици во светот, чија цена достигнува до 2.500 долари.
![ayam-cemani-2[2]](http://bi.mk/wp-content/uploads/2015/01/ayam-cemani-22-580x384.jpg)
Црната боја на петелот е резултат на генетска карактеристика позната како fibromelanosis, која забрзува создавање на клетки со црн пигмент. Генот кој е одговорен за оваа појава е всушност мутација која настанала во Азија пред повеќе од 800 години.
![ayam-cemani-7[6]](http://bi.mk/wp-content/uploads/2015/01/ayam-cemani-76-580x458.jpg)
Истиот мутиран ген е одговорен и за бојата на шведската црна кокошка (Svart Hona).
Во Азија Ayam Cemani се високо ценета живина, поради верувањето дека нивното месо има волшебни моќи. Поради црната боја тие веруваат дека истото е многу богато со железо и дека прави чуда за бремените жени и доилките.
![ayam-cemani-4[2]](http://bi.mk/wp-content/uploads/2015/01/ayam-cemani-42-580x382.jpg)
Јајцата на кокошките од овој вид се со кремаста боја, но сепак единствен начин да се размножуваат е преку инкубатор.














