Црна Гора: Доделени се 409 економски државјанства, најмногу на Руси

26

Владата на Црна Гора од 2020 година до денес доделила вкупно 409 економски државјанства, од кои над две третини на државјани на Руската Федерација.

Како што пренесува Побједа, во 2019 година не било донесено решение за стекнување на црногорско државјанство врз основа на посебна програма, во 2020 година биле донесени 109, а лани 260 решенија.

Од почетокот на годинава, се додава, донесени се 40 решенија за стекнување на црногорско државјанство со прием врз основа на посебна програма, иако Европската комисија се противи на ваквите одлуки.