Црна Гора ги заострува условите за влез во земјата

42

Црногорската влада донесе нови мерки во борбата против коронавирусот, кои стапуваат на сила на 11 септември и ќе важат до 24 септември, а се однесуваат на влез на странци и граѓани на Црна Гора во земјата.

Од вторник, влезот во Црна Гора е дозволен само доколку црногорските граѓани и странци исполнуваат еден од следниве услови:

– Да бидат со поминати 14 дена од втората доза за вакцина дадена во две дози, односно да поминале 14 дена од имунизацијата со вакцината која се дава во една доза.

– Лицето да има негативен PCR тест за Ковид-19 кој не е постар од 72 часа или позитивен PCR тест постар од 14 и не постар од 180 дена.

– Лицето да има негативен брз антиген тест кој не е постар од 48 часа.

“Граѓаните на Црна Гора и странците со привремен престој кои не исполнуваат ниту еден од пропишаните услови се испраќаат во изолација, која што ќе може да се прекине со ПЦР-тест кој е негативен шестиот ден по преминувањето на границата“, рече министерката за здравство Јелена Боровиниќ Бојовиќ.

Лицата под 18 години влегуваат безусловно во Црна Гора – и црногорски државјани и странци.