Црна Гора извезувала најмногу струја, најголем надворешно трговски партнер е Србија

Дирекцијата за статистика на Црна Гора „Монстат“ ги објави прелиминарните резултати, според кои вкупната надворешно-трговска размена на Црна Гора во првите десет месеци од годинава изнесува 3,52 милијарди евра, што е за 47,9 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година и дека најголем надворешно трговски партнер во извозот била Србија, јавува Радио-телевизија на Црна Гора (РТЦГ).

Монстат објави дека во тој период е извезена стока во вредност од 576,6 милиони евра, што е за 69,9 отсто повеќе во однос на истиот период лани, а увозот е зголемен за 44,2 отсто и изнесува 2,94 милијарди евра.

Во структурата на извозот најзастапена е електричната енергија со 140,2 милиони евра, а во структурата на увозот најзастапени се машините и транспортните уреди во износ од 577,3 милиони евра.

Најголеми надворешно-трговски партнери во извозот биле Србија со 115,3 милиони евра, Швајцарија со 105,3 милиони и Босна и Херцеговина со 74,7 милиони евра.

Монстат наведува дека Србија е на прво место меѓу земјите од кои увезла Црна Гора со 506,9 милиони евра, потоа Кина со 270,1 милиони и Грција со 247,4 милиони евра.