Црна Гора ја делат 1.300 метри од нафта?

131

Државниот секретар во црногорското Министерство за капитални инвестиции Марко Перуновиќ рече дека платформата за дупчење достигнала длабочина од 5.215 метри.

Како што истакна, можното поле за нафта и гас е оддалечено околу 6.500 метри. “Таа длабочина може да се постигне за околу еден месец, кога ќе ги знаеме резултатите. Засега, геолошките наоди и температурата на почвата ни даваат оптимизам дека ќе се најде комерцијално употреблива локација”, рече Перуновиќ.

Платформата за дупчење Topaz Driller  пристигна во Црна Гора во средината на март. Претходно, владата објави дека првото дупчење за нафта ќе биде на длабочина од 6.525 метри, а второто дупчење ќе биде поплитко.

Концесионерите Eni-Novatek, во согласност со обврските од Договорот за концесија за истражување и производство на јаглеводороди, извршија 3Д сеизмички истражувања на крајот на 2018 година, а во текот на 2019 година беа обработени собраните податоци, како и геолошки и геофизички студии.

Од црногорската влада се надеваат дека Црна Гора ќе излезе со бројни придобивки по овој проект и дека земјата потоа ќе ја диверзифицира својата економија, бидејќи повеќе нема да зависи само од туризмот.