Црна Гора ќе добие нова нискобуџетна авиокомпанија

17

Фото: Facebook

Следната година Црна Гора ќе добие уште една нискобуџетна авиокомпанија – австриски Laudamotion, пишува Bankar.me.

Laudamotion е ќерка фирма на најголемиот европски нискобуџетен авиопревозник, Ryanair од Ирска.

Од компанијата велат дека на почетокот на летната IATA сезона ќе биде отворена нова линија што ќе ги поврзува Штутгард и Подгорица.

Авионите на Laudamotion од типот airbus A-319 ќе летаат на таа релација два пати неделно, во вторник и сабота. Сезоната на летови ќе започне од втори април, а ќе трае до крајот на октомври 2019 година.

Инаку, малцински сопственик на оваа компанија, којашто во својата флота има 9 авиони, е некогашниот трикратен светски првак во Формула 1 Ники Лауда.