Црна Гора ќе плати 8,84 евра по доза за вакцина против Ковид-19

36

Црногорскиот министер за здравство Кенан Храповиќ денеска потпиша договор со којшто земјата кога ќе биде готова вакцината против болеста Ковид-19, ќе добие загарантирана доза, без чекање и дополнително аплицирање. Црна Гора за една доза од вакцината ќе плати 8,84 евра. Проценетата вкупна вредност на набавката изнесува околу 2.163.000 евра.

“Би сакал да ве известам дека Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата за склучување на Договорот за преземената обврска според моделот на факултативно купување на вакцината против Ковид-19. Само што го потпишав Договорот, а денес ќе се уплати аванс од 646.000 евра“, рече Храповиќ.

Министерот објасни дека со потпишувањето на овој договор, Црна Гора се приклучи на COVAX механизмот за вакцини против Kовид-19, кој беше инициран од Светската здравствена организација (СЗО) со цел да се овозможи набавка и правична дистрибуција меѓу земјите кои учествуваат во вакцините за новиот вид коронавирус SARS-COV -2.

Фото: Freepik