Црна Гора нуди пониски цени за сместување на гости од регионот

124

Туристичката организација (ТО) од Тиват и оваа година ќе ја реализира кампањата “Вашиот одмор е во Тиват“, што им овозможува на локалното население и гостите од регионот приватно сместување по многу поевтини цени од 20 до 25 евра за една ноќ, пренесува РТЦГ.

Директорката на ТО Тиват, Даница Чераниќ Бањевиќ, рече дека четиричлено семејство со двајца возрасни и две деца до 11 годишна возраст шест ноќевања во Тиват ќе ги чини од 120 до 150 евра.

Сопственикот на хотелот Sea Point Apart, Ѓуро Матијевиќ, рече дека е задоволен што кампањата се организира и оваа година.

“Очекуваме подобро исполнување на капцитетите оваа година. Треба да се води внимателна политика на цени и да се прилагодат цените и да се направат достапни за гостите од регионот“, нагласи Матијевиќ.

Фото: Pixabay