Црна Гора: Од почетокот на годината 89% повеќе туристи во споредба со рекордната 2019 година

60

На 9 март во Црна Гора се регистрирани 21.710 туристи, што е за 68 отсто повеќе во однос на минатата година, а дури за 89 отсто повеќе во однос на рекордната 2019 година, соопшти Министерството за економски развој и туризам.
Како што е објавено на Фејсбук профилот на ова одделение, во националните паркови во текот на јануари и февруари се забележани 11.404 посети, што е за 14 отсто повеќе во споредба со истиот период лани.

– Скијачкиот центар Колашин во првите два месеца и девет дена од март го посетија 70.000 скијачи. За истиот период е остварен вкупен промет од 1,22 милиони евра – наведоа оттаму.

Добри посети бележат и аеродромите, каде што бројот на патници е зголемен за 86,5% во однос на јануари и февруари 2022 година. Споредено со истиот период од 2019 година, остварен е пораст од 18%.