Црна Гора од туризмот оствари приход од 997 милиони евра минатата година

30

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ објави дека приходите од туризмот лани во таа земја изнесувале 997 милиони евра.

Приходите се за 275 милиони евра поголеми од 2021 година, рече тој.

Тој на својот Твитер профил напиша дека приходите се само за 50 милиони евра помали од рекордната 2019 година.

„Продолжуваме со одлични вести. Особено ме радува фактот што приходите од туризмот во четвртиот квартал од минатата година изнесуваа 123 милиони евра, што е највисок приход досега регистриран во четвртиот квартал“, додаде Абазовиќ.

Тој потсети дека приходите од туризмот во четвртиот квартал од 2019 година изнесуваат само 67 милиони евра.

Фото: Pixabay