Црна Гора од туризмот заработила 1,36 милијарди евра

32

Поранешниот премиер Дритан Абазовиќ изјави дека е соборен рекорд во туризмот, а Црна Гора досега има заработено 1,36 милијарди евра.
– Како што најавивме претходно, 2023 година, иако е средината на ноември, е најдобрата туристичка сезона во историјата на Црна Гора – напиша Абазовиќ во објава на мрежата Х.

Остварените приходи, рече, надминале 1,36 милијарди евра.

– Од тоа само во третиот квартал се реализирани неверојатни 908 милиони евра што е за 33 отсто повеќе од лани. во истиот период (678 милиони евра). За споредба, вкупните, досега рекордни, приходи во 2019 година изнесуваат 1,019 милијарди евра – наведе тој, пренесе Банкар.ме.

Тој наведува дека го чека четвртиот квартал и поставувањето на конечниот резултат, кој „ќе биде предизвик за сите наредни влади“.

– Речено и направено. Се натпреваруваме за добро. Црна Гора е на добар пат – се вели во соопштението.