Црна Гора планира да забрани увоз на возила постари од 15 години

47

Црна Гора планира да го забрани увозот на возила постари од 15 години, бидејќи користените автомобили со стандардот „Еуро 4“ кои моментално се увезуваат во таа земја имаат негативно влијание врз безбедноста во сообраќајот и заштитата на животната средина.

Црногорското Министерство за транспорт и поморство во 2024 година ќе побара измени на регулативата со што новиот минимален стандард за увоз ќе биде „евро 5“, пишува „Вијести“.

Во текот на деведесеттите години на минатиот век, Европската унија воведе „евро“ стандарди, кои претставуваат законски ограничувања за емисија на штетни гасови од автомобилите.