Црна Гора: Продаваат луксузен автомобил, а парите ќе бидат за помош на загрозени граѓани

123

Министерството за финансии и социјална работа на Црна Гора објави повик за учество на јавно наддавање за продажба на автомобил Mercedes-Benz, модел Maybach – S 650.

Како што е наведено во огласот, почетната цена на споменатото возило е 456.933,18 евра.

Продажбата ќе се изврши преку јавно усно наддавање во Будва на 23 јули.

Во средината на февруари, црногорската влада го усвои предлогот за одобрување продажба на две такви возила. Во тоа време, премиерот Здравко Кривокапиќ рече дека средствата од продажбата ќе бидат уплатени во буџетот и ќе бидат искористени за помош на загрозени граѓани.

Двата Мерцедеси Maybach ги купи Агенцијата за национална безбедност на крајот на 2017 година и почетокот на 2018 година за 1,2 милиони евра.

Министерот за финансии и социјална помош, Милојко Спајиќ, во Собранието објави дека вредноста на второто возило не е ни проценета, бидејќи сè уште го користи претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

Фото: Facebook