Црна гора: Просечната плата во февруари 706 евра

69

Просечната плата (бруто) во февруари годинава во Црна Гора била 875 евра, додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) е 706 евра, покажуваат податоците на „Монстат“.

Просечната (нето) заработка во февруари 2022 година е зголемена за 2,9% во однос на јануари 2022 година, додека просечната (нето) заработка во февруари 2022 година е зголемена за 33% во однос на истиот месец минатата година бележи раст од 33,5%“, наведува Монстат.

Ако се има предвид дека потрошувачките цени во февруари 2022 година, во однос на јануари 2022 година, како што се наведува во Монстат, бележат раст од 1,5%, произлегува дека реалните плати за истиот период бележат раст од 1,4%.