Црна Гора со нови антиковид мерки, забрани и прослава на Нова година на отворено

57

Поради влошување на епидемиолошката состојба во Црна Гора, забрането е да се организираат новогодишни прослави на отворено, како и концерти и масовни собири, соопшти црногорската министерка за здравство Јелена Боровиќ-Бојовиќ. Мерките ќе бидат во сила од 15 ноември.

„Се забранува организирање на свадби на отворен и затворен простор. Забранета е работата на ноќните клубови, работата на угостителските објекти е ограничена до полноќ. Исто така забрането е организирање екскурзии и славење родендени, а престој во куќи и станови се препорачува само на членовите на домаќинството“, рече министерката.

Во Црна Гора на сила е мерката за поседување на ковид потврда како услов да може да се премине државната граница, за престој во угостителски објекти, за присуство на свадби, за присуство на приредби, спортски натпревари.

„Владата ја разгледува можноста од 1 декември да воведе обврска за поседување на Националниот дигитален сертификат за Ковид за целата јавна администрација – здравство, образование, полициска администрација, армија“, рече Боровиниќ-Бојовиќ.