
Минатата година во Црна Гора се остварени 2,61 милиони туристички пристигнувања и 16,39 милиони ноќевања, покажуваат прелиминарните податоци на Монстат.
„Од вкупниот број ноќевања, 96,3 отсто оствариле странски туристи, а 3,7 отсто домашни туристи“, се наведува во соопштението, пренесува Мина.
Во структурата на ноќевањата на странските туристи лани најмногу ноќевале туристи од Русија 23,6 отсто, Србија 21,5 отсто, Босна и Херцеговина 8,5 отсто, Германија 4,9 отсто, Украина 4,1 отсто, Косово 3,6 отсто и Турција 2,9 отсто. Туристите од другите земји учествувале со 31 отсто од ноќевањата.
„Во структурата на ноќевањата по видови туристички места лани, најмногу ноќевања имало во крајбрежните градови 94,3 отсто, планинските 2 отсто, Подгорица 2,4 отсто и другите градови 1,4 отсто“, се наведува во соопштението.
Монстат објави дека минатата година во Црна Гора во индивидуално сместување биле остварени 1,18 милиони туристи, додека бројот на ноќевања е 11,26 милиони.
„Од вкупниот број ноќевања, 99,6 отсто оствариле странски туристи, а 0,4 отсто домашни туристи“, се наведува во соопштението.
Во структурата на ноќевањата на странските туристи лани најмногу ноќевале туристи од Русија 31,9 отсто, Србија 22,8 отсто, Босна и Херцеговина 9,4 отсто, Украина 4,5 отсто, Косово* 4 отсто, Германија 3, 7 отсто, Турција 2,9 отсто и Полска 2,3 отсто.
Туристите од другите земји учествуваат со 18,4 отсто од ноќевањата.
„Во структурата на ноќевањата по видови туристички места во индивидуално сместување, лани најмногу ноќевања се остварени во крајбрежните места 96,9 отсто, планинските места 1,6 отсто, останатите туристички места 1,1 отсто и главниот град 0,4 отсто“, се заклучува во соопштението.











