Црна Гора во минус од над 20% во вториот квартал

31

Бруто домашниот производ (БДП) на Црна Гора, во вториот квартал од оваа година, се намали за 20,2%, покажуваат податоците на официјалната статистика на земјата.

Вредноста на БДП во тој период била 900,5 милиони евра, додека истиот период била на ниво од 1,15 милијарди евра.

Црногорските власти проценуваат дека БДП оваа година ќе се намали за 6,8%, но можно е надолно ревидирање.

Меѓу сите земји од Европа нема раст на економијата, а како причина за тоа се наведуваат последиците предизвикани од пандемијата.

Поголем пад на вредноста на БДП од Црна Гора, во вториот квартал, имале само Велика Британија (22,8%) и Шпанија (22,1%).

Фото: Pixabay