Црна Гора во првиот квартал од туризмот заработила 45,3 милиони евра

69

Приходите од туризмот во Црна Гора во првиот квартал изнесуваат 45,3 милиони евра, што е за 86 отсто повеќе во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците на Централната банка на Црна Гора (ЦБЦГ).

Министерството за економски развој и туризам соопшти дека во првиот квартал нивото на реализација е 96 отсто во однос на рекордната 2019 година.

„Податоците од Министерството за финансии за вкупните наменски приходи, кои вклучуваат приходи од такса за престој, туристичка такса и членарина, собрани од почетокот на годинава до 16 јуни, изнесуваат 859.000 евра и се за 46 отсто повисоки во однос на истиот период лани“, објави Министерството за економски развој и туризам на својот Твитер профил.

Приходите од данокот на живеалиште наплатени заклучно со 16 јуни изнесуваат 339.510 евра, што претставува раст од 121 отсто во однос на истиот период од претходната година.