Црна Гора забележа повеќе од еден милион ноќевања на туристи во јули

13

Во јули се реализирани 227.771 пристигнувања и 1.005.395 ноќевања на туристи во хотели, одморалишта, пансиони, мотели, туристички населби, хостели и други објекти за колективно сместување во Црна Гора.

Како што се наведува во извештајот на Управата за статистика на Црна Гора (МОНСТАТ), 90,7 отсто од вкупниот број ноќевања во колективното сместување имале странци, а 9,3 отсто од ноќевањата домашни туристи.

Гледано по видови туристички места, во јули најмногу ноќевања се остварени на крајбрежните места 91,8 отсто, главниот град 4,6 отсто, планинските места 2,0 отсто и другите места 1,6 отсто.