Црна Гора замрзна 44 имоти на 34 руски државјани

33

Министерството за внатрешни работи на Црна Гора соопшти дека замрзнало 44 имоти на 34 руски државјани чии санкции беа претходно воведени.

Во соопштението се наведува дека тие денеска го „направиле првиот чекор“ на линијата на стопроцентна хармонизација на Црна Гора со надворешната и безбедносната политика на Европската унија, пренесува Инвеститор.

За 44 недвижности Управата за катастар и државен имот донесе соодветни решенија со кои се ограничува располагањето со имотот во Црна Гора на овие лица“, се наведува во соопштението.