Црна Гора: Затворските ќелии на тврдината Мамула ќе станат апартмани

152

5.1.2

Преговорите на претставниците на Владата на Црна Гора и швајцарската Ораском за долгорочен закуп на Ластавица со тврдината Мамула се приведуваат кон крајот и скоро е извесно дека инвеститорот, кој на полуостровот Луштица гради ексклузивен ресорт, на проектот ќе го додаде и овој остров на влезот на Бока Которска, пишува Вијести.

Како што дознава Вијести, идниот инвеститор ја презема обврската Мамула да биде дестинација отворена за посети и да остане основниот облик на тврдината која порано била воен затвор.

mamula 1

Планот на Ораском е остатоците од старата тврдина да ги догради во хотел, при што ќе го задржи основниот изглед на препознатливата градба, а старите затворски ќелии ќе ги претвори во апартмани, со спа понуда. Планот е хотелскиот капацитет Мамула да се додаде во понудата на ресортот на Луштица, со што целокупниот производ би им бил поатрактивен на странските гости. Комплетната инвестиција е проценета на 15 милиони евра, но може и да се надмине, поради тоа што на островот нема водоводна и електрична инфраструктура.