Црногорската економија е најзависна од туризмот од сите европски земји

Од сите земји во Европа, црногорската економија е најзависна од туризмот, покажуваат податоците од истражувањето на Светскиот совет за патувања и туризам (WTTC), објавени од Landgeist.com.

Според учеството на туристичкиот сектор во вкупниот БДП, по Црна Гора со 30,8 следи Хрватска со 24,8 отсто, а Исланд со 21,4 отсто, а учеството во Македонија е 6,6%.

Од друга страна, од туризмот најмалку зависат економиите на Русија со пет проценти, потоа Полска со 4,8 проценти, додека на последното место е Ирска со само 4,2 проценти.